283
Во текот на изминатата седмица, според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 6.867 нови позитивни случаи на Ковид 19, и со овој податок се бележи пад од 13,4% во однос на изминатата недела.
Исто така според неделната статистика, ИЈЗ регистрира и 276 смртни слуачи, што пак, значи раст од 6,2%. Најголем број се над 60 години, односно 238 лица, потоа 27 лица се на возраст од 50 до 59 години, осумина се на возраст од 40-49 години и тројца на возраст од 30 до 39 години.
Инаку, заболени лица се регистрирани во сите возрасни групи. Најзастапени се оние над 60 години, а голем број заболени има и кај возрасната група од 50-59 години. Најмал број е регистриран кај децата до 9 години.
Во текот на минатата недела направени се вкупно 27.329 тестирања во лабораториите низ земјава што е за 4,5 проценти повеќе во однос на неделата претходно.
Според извештајот на ИЈЗ, заклучно со 11 април вакцинирани се 7.011 здравствени работници со една доза и 5.857 со две дози вакцини. Вакцинирани се вкупно и 8.330 граѓани над 77 години и 12.093 лица од критичната популација.