IKEA инвестира 340 милиони евра во зелени проекти во Германија и Шпанија

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Сопственикот на повеќето продавници на IKEA во светот, Ingka Group купи девет проекти за соларни фотоволтаични паркови во Германија и Шпанија за 340 милиони евра за да обезбеди повеќе обновлива енергија, пишува Ројтерс.

Најголемиот светски продавач на мебел објави дека купува проекти со вкупен капацитет од 440 мегавати од германската компанија Enerparc.

„Очекуваното производство на електрична енергија ќе биде доволно за да се снабдуваат продавниците и магацините на IKEA во двете земји, со што бизнисот на Групацијата Ингка ќе биде јаглеродно неутрална“, се вели во соопштението на компанијата.

IKEA работи преку систем на франшиза, при што Ingka Group е главна франшиза на сопственикот на брендот Inter IKEA.

„Проектите се уште се во рана фаза и се очекува да бидат готови до крајот на 2022 година – почетокот на 2023 година. Самата изградба ќе трае приближно шест месеци“, велат од Ingka Group.

Групата поседува 547 турбини на ветер во 14 земји, 10 соларни паркови и 935.000 соларни панели на покривите на продавниците и магацините на IKEA, кои заедно произведуваат повеќе од 4 терават часови електрична енергија.

Слични содржини