„Икеа“ казнета за шпионирање на вработени

од Stefanija Kuzmanovska
329 прегледи

Францускиот суд и наложи на „Икеа“ да плати казна од еден милион евра (1,21 милион американски долари) за шпионирање на своите вработени во таа земја, откако познатиот продавач на мебел беше прогласен за виновен за нелегално собирање и чување на податоци за вработените.

Француска подружница на шведскиот производител на мебел е обвинета за „демнење“ на работници и нарушување на нивната приватност веќе неколку години, преглед на билансите на нивните банкарски сметки и понекогаш ангажирање лажни работници кои пишувале извештаи за вработените, пренесе Ројтерс. Според медиумите, покрај вработените, мета на шпионажа биле и претставници на синдикатот, како и некои клиенти.

Според тврдењата на синдикатот, „Икеа“ во Франција платила за пристап до полициските досиеја кои имале информации за насочени лица. Адвокатите на „Икеа“ негираа дека компанијата има каква било стратегија за генерализирана шпионажа.

Обвинителството побара казна од два милиони евра против оваа компанија, која е во сопственост на „Ингка групата“.

„Икеа“ рече дека ја разгледува одлуката на судот да утврди дали е потребно дополнително дејствие, откако ќе преземе чекори за укинување на спорната тактика за контрола на вработените.

„Ikea Retail France“ остро ја осудува оваа практика, се извинува и спроведува сериозен план за акција за да спречи вакво нешто да се повтори“, се вели во соопштението на компанијата.

Слични содржини