ИКЕА под истрага за шпионажа: Следени клиенти и вработени во Франција

од Берта Китинска
372 прегледи

Францускиот огранок на ИКЕА и неколку нејзини поранешни директори се појавија пред судот под обвинение за незаконско шпионирање на вработени и клиенти.

Синдикатите на вработените ја пријавиле компанијата на француските власти во 2012 година, обвинувајќи ја за лажно собирање лични податоци, како и за незаконско откривање на лични податоци.

ИКЕА во Франција, според тврдењата на синдикатот, платила за пристап до полициските досиеја кои имале информации за целните лица.

Компанијата негираше дека шпионирала никого, но шведскиот производител на мебел отпушти четворица газди во Франција, откако тамошните обвинители отворија истрага за злосторствата направени во 2012 година.

Францускиот огранок наведува дека тие соработуваат со судските органи и дека ваквите активности „сериозно ги поткопуваат вредностите и етичките стандарди на компанијата“.

Во Франција, ИКЕА вработува повеќе од 10.000 луѓе кои работат во 34 продавници, на веб-страница за е-продажба и во техничкиот центар за поддршка на клиенти.

 

Слични содржини