353
На доделувањето на People’s Choice Awards 2019 во Лос Анџелес, Џенифер Анистон беше прогласена за икона на 2019 година.
При примањето на наградата, таа одржа емотивен говор, потсетувајќи се на клучните моменти од нејзината богата актерска кариера, а не заборави да се заблагодари на сите колеги и обожаватели.
Наградата ѝ ја додели Адам Сендлер, со кого Анистон заедно глумеше во филмот „Murder Mystery“. Тој изјави дека Џен е неверојатен пример за личност со големо срце.
Оваа титула првпат е воведена минатата година, а прва добитничка на наградата икона на годината лани ја доби актерката Мелиса Мекартни.