271
Горан Илијевски од партијата на Македонците во Србија во емисијата 24 Отворено на Тв24 рече дека на Косово се создава контролирана криза, а таа не одговара ниту на двете страни.
– Голем проблем беше заедницата на српските општини која и по договорот во Брисел не е формирана, значи едната страна не се придржува кон договорот, а се бара компромис. Србија во некои работи инсистира да се оствари тоа што е зацртано. На Европа не и требаат немири и војни на нејзината територија. Европа нема механизми како да дејствува. – рече Илијевски.