Илиевски: Новата концепција во образованието е избрзана, мора се да биде темелно разгледано

од Nikola Popovski
249 прегледи

„Ако сакате да знаете каква е државата, треба да знаете какво е образованието, рекле многу познати мислители низ историјата. Образованието е темелот на општеството“, вели поранешниот просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски за емисијата „24 анализа“.

Според него, ова што се случува со концепцијата на основното образование е избрзано, не е анализирано и едноставно се покажало дека има доста неусогласености во делот на таа концепција.

„Сето мора да биде темелно, да се согледаат сите состојби, да има пилот проекти за секоја од тие активност, за понатака чекор по чекор да се појде до реформите. Ваквиот чекор на МОН е избрзан и повеќе ми личи дека политиката е длабоко навлезена во образованието“, смета Илиевски.

Слични содржини