Актуелниот градоначалник на општина Кочани, Николчо Илијев е кандидатот на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за градоначалник за претстојните локални избори.
Со тоа е комплетирана понудата од 69 кандидати за градоначалници.
„Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илијев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години. Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, а тоа е возможно само со Илијев и СДСМ на чело на општината“, соопштија од партијата на власт.