Илјадници Авганистанци префрлени во Велика Британија во тајна операција

Јавноста уште се сеќава на паниката и немоќноста на огромен број Авганистанци да ја напуштат земјата по победата на Талибанците, стравувајќи за своите животи.

од desk2
18 прегледи

Илјадници Авгаистанци биле пренесени во Велика Британија во тајна операција што морало да се изврши откако неименуван британски функционер ненамерно ги направил достапни нивните податоци, јави Би-Би-Си.

Личните податоци на околу 19.000 Авганистанци што побарале преселување во Велика Британија по преземањето на власта од Талибанците, протекле во февруари 2022 година. Претходната влада разбрала за протекувањето во август 2023 година и девет месеци подоцна подготвила план за преселба. Досега во оваа операција во Велика Британија пристигнале 4.500 Авганистанци, а се очекуваат уште околу 60 Авганистанци.

Операцијата и информацијата за протекувањето биле тајни, а бројката на преселени Авганистанци е објавена денеска, откако судија од Врховниот суд пресудил дека треба да се тргне клаузулата за тајност.

Јавноста уште се сеќава на паниката и немоќноста на огромен број Авганистанци да ја напуштат земјата по победата на Талибанците, стравувајќи за своите животи.

Слични содржини