Илјадници луѓе учествуваа во Нијамеј на демонстрациите за поддршка на војската на Нигер

од Radmila Tasevska
235 прегледи

Илјадници поддржувачи на војската на Нигер демонстрираа во главниот град на Нигер, Ниамеј.

Тие ја сигнализираа својата поддршка за хунтата, која ја презеде власта на 26 јули и вети преоден период кој ќе трае најмногу три години. Како и претходните демонстрации, и овој пат учесниците на демонстрациите извикуваа антифранцуски слогани и слогани против Западноафриканската економска заедница.

„Не на санкциите! и „Долу Франција!“ беше напишано на некои од плакатите на демонстрантите. На демонстрациите учествуваа и музичари, кои со посебни песни во нејзина чест и оддадоа почит на хунтата.

Западноафриканската економска заедница се закани дека ќе употреби сила доколку соборениот претседател не биде вратен на власт. Организацијата веќе воведе санкции кон Нигер. Хунтата, од друга страна, ги предупреди странските земји да не преземаат вооружена интервенција во Нигер. И шефот на хунтата, Абдурахман Чиани, увери дека не сака да ја преземе власта и вети транзиција која ќе трае најмногу три години. Тоа ветување го даде синоќа во обраќање до нацијата.

Делегација на западноафриканската економска заедница вчера го посети Нигер и се сретна со соборениот претседател, како и со Чиани. Според ТВ Ал Арабија, нејзината мисија пропаднала бидејќи војската одбила да го ослободи претседателот Мохамед Базум и да го врати на неговата функција.

Слични содржини