Одлуката на Словенија и на Австрија повеќе да не примаат бегалци ги зголемија тензиите на хрватско-српската граница, каде чекаат педесетина автобуси со повеќе од илјада луѓе. Словенија од денес почна со затворање на своите граници, за да го запре приливот на бегалци.

681306_migranti-granica-berkasovo02reutersfoto-marko-djurica_f

Скоро 2000 бегалци ноќта ја минале во чекање на границата меѓу Хрватска и Словенија во кал и студ. Словенечко Дело јавува дека некои од нив толку промрзнале што палеле кебиза за да се згреат.
Во близина на словенечниот граничен премин со Хрватска поставени се огради и голем број на полицајци за да се спречи приодот на бегалците кои синоќа со воз се донесени од хрватското место Опатовац.

Словенечките власти тврдат дека Словенија нема капацитет за прием на толку голем број на луѓе, па полицијата ја затвори границата за сите возила.
Во застој е и железничкиот сообраќај меѓу Хрватска и Словенија. Возот со 1800 мигранти кои ноќеска во 2 часот појде од Чаковец не му е дозволен влез во словенија, а мигрантите пеш го продолжиле патот кон границата каде ги дочекала жичана ограда и словенечка полиција со кучиња кои не ги пуста во земјата.

Слични содржини