249
Илјадници патници во Велика Британија се соочуваат со долги одложувања и откажувања на летовите откако беше пријавен „технички проблем“ во системот за контрола на летање.
Луѓето се блокирани во Велика Британија и во странство откако Националната управа за воздушен транспорт го ограничи бројот на слетувања на авиони, јавува Би-Би-Си.
Авиокомпаниите и аеродромите предупредија дека сепак има „значителни доцнења“, и покрај тоа што проблемот бил решен за неколку часа.