Илјадници посетители чекаат на ред за веб-страница

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Невообичаен веб-сајт, овие денови стана хит и заинтригира илјадници клиенти. Оваа страница има малку поинакви правила и многумина сакаат да видат што точно крие.sajt

Всушност, на оваа страница во било кое време може да биде само еден посетител, влегувајќи еден по еден, и таму може да „седи“ максимум 60 секунди. Кога ќе ја отворите страницата, најпрвин ќе мора да земете билет и да чекате во ред за да влезете и да видите што е тоа во внатрешноста. Досега се издадени околу 300.000 билети.

Страницата ја има создадено Џастин Фоли и неодамна напиша дека тој не очекувал толку многу посетители на сајтот. Иако не се изјасни за вистинската цел на страницата, можно е да станува збор за некој вид на експеримент.