Илјадници Руси мора да ја напуштат Летонија

од Radmila Tasevska
226 прегледи

Околу 3.500 руски државјани во Летонија неделава ќе бидат известени од миграциските власти дека мора да ја напуштат земјата.

Владиниот орган соопшти дека се работи за лица кои не поднеле документи за продолжување на дозволата за постојан престој или не се пријавиле за испитот по летонски јазик до 1 септември.

Тие мора да ја напуштат Летонија до 30 ноември, се додава во соопштението. Амандманот на законот усвоен од парламентот во 2022 година ги заостри правилата за престој на руските граѓани во Летонија како одговор на руската инвазија врз Украина.

За да продолжат да живеат легално во Летонија, руските граѓани мора да аплицираат за статус на постојан престој и во повеќето случаи да докажат дека добро го владеат летонскиот јазик.

Летонија има околу 1,9 милиони жители и се граничи со Русија. Во балтичката земја живее силно руско малцинство, од кои повеќето се мигранти од советската ера и нивни потомци.

Во земјата избувна жестока дебата за новите правила, кои засегаат околу 20.000 луѓе.

Слични содржини