Илјадници Германци на улиците поради рестриктивните мерки (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Илјадници Германци демонстрираат во центарот на Лајпциг против ограничувањата наметнати за борба против коронавирусот. Германските власти денес објавија дека во претходните 24 часа биле регистрирани 23.300 новозаболени лица, што е најголем број за еден ден од почетокот на епидемијата.

Демонстрантите носеа државни знамиња и транспаренти, вклучително и „За вистината, правдата и слободата“.

И овој протест не помина без судир меѓу полицијата и демонстрантите.

Организаторите на протестот изјавија дека очекуваат 16 000 луѓе, додека градските власти проценија дека на плоштадот каде што се одржуваше протестот може да застанат најмногу 5.000 луѓе, со растојание од еден и пол метар.

Затоа надлежните бараа протестот да биде некаде каде што има повеќе простор.

Барањето на градските власти протестот да биде на друго место, судот го одби во последен момент.

Германија е на крајот од првите четири недели на нови строги мерки за контрола на коронавирусот.

Од понеделник, угостителските и спортските и рекреативните објекти се затворени, додека продавниците и училиштата се отворени.

Германските власти денес објавија дека во претходните 24 часа биле регистрирани 23.300 новозаболени лица, што е најголем број за еден ден од почетокот на епидемијата.

Во Минхен, Апелациониот суд ја потврди забраната за демонстрации против ограничувачките мерки, планирани за денес и утре.

Слични содржини