Илјадници луѓе учествуваа во вчерашниот протест против антисемитизам  што се одржа во францускиот главен град Париз, објавија Euronews.

 

Слични настани се случија и во другите градови во земјата. 

Причината за настанот беше злоупотребата на стотици еврејски гробови, како  кулминација на неделниот  вандализам.

Учество зедоа поранешни претседатели на земјата како Франсоа Оланд и Никола Саркози, на тој начин изразија и својата позиција за проблемот.

  Сегашниот шеф на државата, Емануел Макрон, вети дека виновниците  за акциите на тој вандализам ќе бидат казнета .

Протестите покренаа слогани за повторно обединување и забрана на омраза.

Во земјата живеат околу 500.000 Евреи – една од најголемите заедници во Европа.

Минатата година, против Евреите и нивните гробни места беа извршени 500 кривични дела , што претставува зголемување од 70 отсто во текот на 2017 година.