Илјадници луѓе на марш за климата во Амстердам

од desk2
111 прегледи

Неколку илјади луѓе се собраа на главниот плоштад во Амстердам на марш, барајќи поефикасна климатска политика во Холандија.

Според проценките на организаторите, во маршот учествувале околу 30.000 луѓе.

Меѓу транспарентите воочлив беше тој на кој пишуваше „Направете нешто“.

Институтот за еколошки истражувања во јануари соопшти дека Холандија не прави доволно за да ги намали емисиите на гасови во стаклените бавчи.

Холандската агенција за проценка на животното опкружување наведе неодамна дека намалувањето на емисиите на штетни гасови за 25 отсто од 1990 до 2020 година не е достижно.