Илјадници луѓе останаа без интернет во Британија, падна „Старлинк“ на Илон Маск

од Nikola Popovski
288 прегледи

Илјадници луѓе во Велика Британија останаа без пристап до интернет откако се расипа системот „Старлинк“ на Илон Маск. Минатата година, компанијата на Маск почна да ја воведува својата интернет услуга на клиентите како дел од бета тестот.

Предупредувањето за „критичен прекин на интернетот“ е издадено во 6.56 часот наутро од сервисот „Fing internet alert“ и се наведува дека проблемот започнал во 00:50 часот, а погоден е Лондон. Не е разјаснето што би можело да биде причината за проблемот.

 

Старлинк обезбедува интернет покриеност на поголемиот дел од Земјата со користење на повеќе од 1.700 сателити во ниската орбита на Земјата.

Претходно овој месец, Маск откри дека Старлинк сега има повеќе од 250.000 корисници – повеќе од двојно отколку во август – во 25 земји ширум светот. Канцеларијата за пазарот на гас и електрична енергија проценува дека има околу 27.000 домови и бизниси во Британија кои се потпираат на сателитски широкопојасен пристап.

Старлинк чини 99 долари месечно, плус 499 долари за комплет со статив, рутер за Wi-Fi и терминал за сателитска врска. Во моментов, Старлинк, кој е основан во 2015 година, ја нуди својата услуга со навестување на корисниците дека сè уште лансираат сателити и дека повремените прекини се неизбежни.

Старлинк ги информираше клиентите дека очекуваат периодични прекини во врската, кои се случуваат бидејќи соѕвездието се уште не е целосно изградено. Кога постои јаз меѓу сателитите, може да дојде до прекин. Бета тестот е достапен за корисниците во САД, Обединетото Кралство, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Германија, Португалија, Данска, Австрија, Франција, Холандија, Чиле, Ирска, Белгија и Швајцарија.

Фото: SPACEX / UPI / Profimedia

Слични содржини