Илјадници на улиците: Протестите за забраната за абортус во Полска не сопираат веќе 7 дена!

од Stefanija Kuzmanovska

Илјадници Полјаци демонстрираа низ Полска денес, седми ден по ред, поради одлуката на полскиот суд со која дополнително се ограничуваат веќе многу рестриктивните прописи за абортус.

По упадот во некои цркви и цртање графити, полицијата ги предупреди демонстрантите да не ги напаѓаат верските објекти, соопштија официјалните лица.

Масовните, претежно мирни масовни протести во Полска беа стартуваа минатиот четврток по судската одлука според која „уставот не дозволува абортус поради абнормалности на фетусот“.

Според таа пресуда, се смета дека се дозволуваат само абортуси по инцест, по силување или во случај да се загрози животот на мајката.

Со извиците „лицемери“ и „фанатици“, илјадници Полјаци го изразија своето незадоволство од важечките полски регулативи за абортус.

Можеа да се забележат и натписи со порака „Повеќе би сакал да останам дома, но морам да ја соборам владата“.

Слични содржини