Претседателката на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците (ФРАШ) Илка Нуредини на својот фејсбук статус објави дека избрале да застанат и да дејствуваат на страната на Арбен Фетаи, бидејќи, како што се наведува го сметаат за пример за тоа како доверливата позиција се носи со целосно достоинство и непоколеблива посветеност на сите оние кои донесоа и сè уште веруваат дека промената вреди.
„Поминав низ тежок период соочувајќи се со чувствителна дилема. Едната страна бараше моја лојалност, другата го бараше мојот глас. Го избрав гласот без да ја негирам мојата благодарност кон оние што ме формираа и ме водеа. Го сакам мојот водач. Сите го сакаме, но љубовта не треба да нè заслепува за причината што нè направила дел од оваа партија. Избирам да не се повлекувам кога е најтешко. Младински форум на Алијансата за Албанците избира да застане, да зборува и да дејствува на страната на Арбен Фетаи, знаејќи дека тој е најзначајниот пример за тоа како доверливата позиција се носи со целосно достоинство и непоколеблива посветеност на сите оние кои веруваа, донесоа и сè уште веруваат дека промената вреди, напиша Нуредини.
Преку соопштение заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, ја поздрави поддршката од младинските структури на Алијанса за Албанците за останување во коалицијата Вреди, нагласувајќи ја нивната клучна улога во политичките и општествените процеси.
„Младински форум на Алијансата за Албанците (ФРАШ) – Срцето што силно чука во рамките на Алијансата за Албанците, продолжува со нас во Вреди! Младите на Алијансата за Албанците отсекогаш биле и остануваат најчистиот глас на идеализмот, непокорната сила на промената и искрената совест на нашето движење“, порача Фетаи.