Илон Маск ќе формира совет за оценување на содржината на Твитер

од Берта Китинска
187 прегледи

Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, најави дека има намера да воведе „одбор за модерација“ составен од луѓе со многу различни ставови.

„Ниту една поголема одлука за содржината или реактивирање на сметката нема да биде донесена без интервенција на советот“, напиша Маск, кој себеси се опишува како бранител на слободата на изразување, на својот профил на Твитер.

Најбогатиот човек на светот, основачот на компанијата Тесла, ја презеде социјалната мрежа Твитер за 44 милијарди долари, објавија денеска медиумите.

Тој на својата сметка на платформата напиша дека „птицата е пуштена“.

Како што пренесува AFP, оваа набавка отвора ново неизвесно поглавје за мрежата која е во срцето на политичкиот и медиумскиот живот на Соединетите Американски Држави и многу други земји.

Маск веднаш го отпушти шефот на социјалната мрежа Параг Агравал и уште двајца извршни директори, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни работи Вијаја Гада, дознаваат CNBC и The Washington Post од неименувани извори.

Четвртиот директор го потврди своето заминување преку Твитер, пренесува АП.

Слични содржини