Илон Маск го престигна Безос: Сега е најбогатиот човек во светот

од Nikola Popovski
231 прегледи

Извршниот директор на Тесла, основач и директор на „SpaceX“, претприемачот Илон Маск стана побогат од милијардерот и диретор на Амазон, Џеф Безос. Во текот на минатата година, богатството на Маск се зголемило за 150 милијарди долари.

Маск ја презеде титулата најбогат човек на светот од Безос, сопственикот на Амазон, кој го држеше првото место меѓу најбогатите од 2017 година, се присетува Блумберг, кој создаде своевиден индекс на најбогатите луѓе, користејќи го тој што ја следи вредноста на богатството на 500 најбогати на глобално ниво.

Вклучувајќи ги приходите на Тесла на пазарот во четвртокот, вредноста на Маск сега се искачила на 188,5 милијарди, што е за 1,5 милијарди повеќе од Безос.

На самиот почеток на пандемијата, неговото богатство се зголеми од 24,6 милијарди долари на 115 милијарди или скоро петпати.

За само еден ден, на 31 август, тој заработил 14 милијарди долари како резултат на скокот на вредноста на акциите на неговата компанија за 12 проценти.

Неговото богатство дополнително ќе се зголеми затоа што тој одби да добива плата како шеф на компанијата „Тесла“ се додека не достигне пазарна вредност од 200 милијарди долари. На последниот ден од август, вредноста на компанијата надмина 400 милијарди.

Маск е сопственик и на „Старлинк“, компанија која работи на лансирање сателити со цел да се овозможи комерцијално поврзување со широкопојасен интернет.

Слични содржини