Илон Маск изрази поддршка за американската пејачка Бритни Спирс среде нејзината битка да се ослободи од старателството што нејзиниот татко и другите старатели го имаа над неа веќе 13 години.
Имено, генералниот директор на компанијата „Тесла“ и „Спејс Икс“ на Твитер објави зборови на поддршка за поранешната поп-принцеза.
„Ослободете ја Бритни “, напиша Маск на Твитер, придружувајќи им се на милиони луѓе кои сакаат да и помогнат на „заробената“ пејачка.
Маск има 57,8 милиони следбеници на споменатата социјална мрежа, а овој твит им се допадна на повеќе од 425 000 луѓе. Пораката беше ретвитувана 17.000 пати, а се огласи и неговата партнерка, канадската пејачка Грајмс.
Имено, таа му напишала порака на својот партнер во која порачала:
„Ти благодарам“, му се заблагодарила Грајмс на Илон за поддршката на пејачката Бритни Спирс.
Да потсетиме, американската поп-starвезда Бритни Спирс неодамна сведочеше на суд за првпат против нејзиниот татко Џејми Спирс, кој има целосно старателство и контрола над неа, цели 13 години.