Илон Маск мета на обвинувања: На вработена и понудил коњ во замена за еротска масажа…

од Vladimir Zorba
17,1K прегледи

Американскиот инженер и основач на SpaceX, Илон Маск (52) наводно влегол во несоодветни односи со своите вработени. Пред неколку години на стјуардеса што работи за SpaceX и понудил коњ во замена за еротска масажа. После тоа, неговата компанија наводно и платила на жената 250.000 долари за да ја реши тужбата против него. Тој пред две години за Business Insider ги отфрли обвинувањата. „Да бев склон кон сексуално вознемирување, малку е веројатно дека во 30-те години од мојата кариера тоа ќе беше откриено за прв пат“, рече тогаш тој.

Меѓутоа, сега се појавија нови наводи за неговото однесување кон вработените жени. Според „Волстрит журнал“, Маск стапил во врска со неколку вработени жени, а од некои побарал сексуални услуги. Претседателката и генерална директорка на SpaceX, Гвин Шотвел ги отфрли обвинувањата и тврди дека извештајот на „Вол Стрит Журнал“ е полн со „невистини и погрешни опишувања“. „Илон е меѓу најдобрите луѓе што ги познавам“, рече таа, додавајќи дека компанијата ги истражува сите поплаки за сексуално вознемирување.

Во извештаите на странските медиуми се наведува дека Маск повеќепати барал вработена да му роди деца, што таа одбила. Сепак, таа останала во компанијата, но Илон наводно не и олеснил да остане. Тој одбил да и даде покачување и се пожалил на нејзината работа, а таа подоцна дала отказ за да го напушти SpaceX со пакет со готовина и акции во вредност од 1 милион долари.

Наводно, Илон имал сексуални односи со студентка која работела како практикант во SpaceX во текот на летото. Маск ја забележал откако ги споделила своите идеи како да ја подобри компанијата. Една година откако таа го завршила стажирањето, тој и платил лет за Сицилија, а нивната врска завршила по тоа патување. Меѓутоа, неколку години подоцна, Маск повторно стапил во контакт со неа и и понудил позиција во неговиот извршен персонал, што таа го прифатила. Тогаш Илон почнал да ја бара да излезат на пијалок, почнал да и се додворува, а во една прилика и ги допирал градите.

Истата жена истакна дека Илон и таа не влегле во врска додека работела во SpaceX од 2017 до 2019 година. „Илон се обиде да ја обнови нашата врска пред моето вработување, но јас го одбив однапред. Иако имаше првична непријатност, немаше ништо необично по одбивањето“, тврди таа. Нејзините пријатели велат поинаку. „Волстрит журнал“ разговараше и со нејзините пријатели кои тврдат дека не уживала да работи во SpaceX. Како што велат, понекогаш се криела во тоалетот за да го избегне и боледувала од „imposter“ синдром .

Поранешната практикантка добила и многу пораки од Маск во кои неколку пати ја замолил да дојде кај него. Кога таа не му одговорила, тој и испратил уште три пораки, а потоа и напиша: „Најдобро е повеќе да не се гледаме“. Ден потоа таа му одговорила и му кажала дека спие и се извинила што не одговорила на пораката. Адвокатите на практикантката рекле дека тој во пораката не зборувал за нивната „романтична врска“.

Малку подоцна таа побарала да биде префрлена од тимот на Маск на друга позиција. Таа потоа им кажала на пријателите дека разговорите меѓу неа и нејзиниот шеф станале крајно непријатни, а таа на крајот го напуштила SpaceX.

Слични содржини