Извршниот директор на SpaceX, Илон Маск, на својот Твитер профил го објави својот предлог за мировен договор меѓу Украина и Русија, кој содржи четири точки.
Имено, како што напиша Маск, тој предлага да се повторат изборите во анектираните региони од источна Украина каде Москва одржуваше референдуми, но овојпат тие да се одржат под надзор на Обединетите нации.
„Русија заминува ако тоа е волјата на народот“, напиша Маск на Твитер.
Тој додава дека според овој предлог Крим би останал формален дел од Русија.
„Како што беше од 1783 година, до грешката на Хрушчов“, наведува Маск и додава дека водоснабдувањето на Крим ќе биде обезбедено, имајќи предвид дека полуостровот имал проблем со водоснабдувањето поради браната.
Како последен дел, Маск предлага Украина да остане неутрална, што е важно со оглед на тоа што земјата поднесе иницијатива за членство во НАТО.
Ukraine-Russia Peace:
– Redo elections of annexed regions under UN supervision. Russia leaves if that is will of the people.
– Crimea formally part of Russia, as it has been since 1783 (until Khrushchev’s mistake).
– Water supply to Crimea assured.
– Ukraine remains neutral.
— Elon Musk (@elonmusk) October 3, 2022
Маск ги повика корисниците на Твитер да гласаат за овој предлог.
Да потсетиме дека од почетокот на руската инвазија на Украина, Маск неколку пати испорачуваше опрема во Киев.