Илон Маск тврди дека прототипот „Тесла бот“ ќе пристигне следната година – и ќе може да ги подигне вашите намирници

од desk4
531 прегледи

Илон Маск вели дека „Тесла бот“, висок околу 172cm и тежина 57 килограми, може да има „големи импликации за економијата“.

Илон Маск тврди дека Тесла најверојатно ќе лансира хуманоиден робот прототип веќе следната година, дизајниран да прави „здодевна, повторлива и опасна“ работа.

Милијардерот рече дека „Тесла бот“, висок околу 172cm и тежок 57 килограми, ќе може да се справи со различни работни места – од прицврстување на завртки на автомобили со клуч, до подигање намирници во продавници.

Опишувајќи го како продолжение на тековната работа на Тесла за производство на автомобили со самоуправување, Маск рече дека роботот ќе користи ист компјутерски чип и ќе се движи со осум камери на сличен начин како и возилата на компанијата.

Говорејќи на Денот на вештачката интелигенција на Тесла, Маск рече дека роботот ќе има „длабоки импликации за економијата“ и ќе одговори на недостатокот на работна сила.

Слични содржини