Една припадничка на канадската армија, Челси Когсвел, ќе се соочи со воениот суд откако наводно им дала колачиња со канабис на колегите од нејзината единица за време на вежба, иако војниците не биле свесни што има во нив.
Таа се соочува со 18 точки од обвинението – за правење колачи, вклучително и давање штетни материи и несоодветно однесување, објави денес „Гардијан“.
Когсвел е во армијата од 2011 година и работеи во мензата за време на неколкунеделната „Заедничка артилериска вежба“ во воената база и Геџтаун, во провинцијата Њу Брансвик, во јули 2018 година, пренесува Танјуг.
Таа е обвинета дека правела колачи додека работела во мензата и им ги давала на војниците од артилериската бригада, кои немале поим што јадат.
„Сите, освен еден од членовите на бригадата, кои јаделе колачиња, наводно доживеале разни симптоми: дезориентираност, дехидрираност, топлина, слабост, конфузија, сува уста и параноја“, се вели во судските документи.
Неколку војници не можеле безбедно да ја изведат вежбата со оружје и експлозив, изјавила командантката Сандра Сукстроф, која е воен судија.
„Тоа попладне, војниците кои јаделе колачиња морале да добијат медицинска помош и беше повикана воената полиција“, додала судијката.
Инцидентот е прв случај во канадската војска кога еден член е обвинет за давање канабис на колеги без нивна согласност, изјави воен портпарол за „CTV News“.
Канада легализираше канабис за рекреативна употреба, три месеци откако Когсвел беше обвинета за правење колачиња.
Војниците можат да користат канабис, но после тоа не им е дозволено да користат оружје во следните 24 часа, односно не им е дозволено да возат осум часа.
На Челси Когсвел ѝ се заканува максимум две години затвор и протерување од армијата, а судењето ќе започне на 3 август.