Им го исклучија парното на пленумци од Техничкиот факултет во Битола

од desk3
139 прегледи

Исклученото парно не ги обесхрабрува студентите да ги поминат ноќите во Автономната зона на Техничкиот факултет во Битола.

plenum-uklo2_620_350

И покрај ветувањето на деканот дека парното на факултетот нема да биде исклучено, од вчера немаат греење, соопшти вчера Студентски пленум – УКЛО.

Студентите и вечерва остануваат на Техничкиот факултет, но имаат потреба од ќебиња, грејни тела, душеци и подлоги за изолација на подот.

Упатуваат апел до граѓаните, поради ниските температури, да отидат и да донираат на Техничкиот факултет во Битола.