195
Актерот Џејсон Луис, кој го глумеше жешкиот партнер на Саманта Џонс во серијата „Сексот и градот“, денес има 51 година и изгледа подобро од било кога.
Џејсон го толкуваше Смит, љубовникот, а потоа партнер на Саманта во споменатата хит серија.
Важеше за најзгодно момче во „Сексот и градот“, а иако во серијата се приклучи дури во последната сезона, гледачите го паметат и до ден денес е најпознат по таа улога.
Џејсон неодамна наполни 51 година, но според многумина денес изгледа подобро од кога било.
На неговиот Инстаграм профил го следат повеќе од сто илјади луѓе со кои споделува моменти од приватниот и деловен живот и добива бројни комплименти за својот изглед.