Пејачката Неда Украден (70), која ужива во летниот одмор во Хрватска, ги воодушеви своите следбеници кога на својот Инстаграм профил сподели фотографија во костим за капење. Имено, Неда направи селфи, а во преден план беа деколтето и горниот дел од костимот за капење, по што комплиментите се редеа со молскавична брзина.
– Со вкус на море, со вкус на бор. Ниту Дубаи, ниту Хаваи, никаде нема подобро море – напишала пејачката.
View this post on Instagram
„Неда, изгледаш одлично“, „Прекрасна“, „Божествена жена“, „Убавина“, „Какво тело, секоја чест“ – напишале во нејзините коментари.
Инаку, Неда неодамна откри дека сега нејзината исхрана се заснова на протеини и дека избегнува јаглехидрати и шеќери.
– Имав прекумерна тежина и постојано бев дома поради Ковид-19. Во последната година, темпото на мојот живот е целосно променето – не мрднав, не вежбав, готвев цело време, па се здебелив. Живеам со ќерка ми и зетот, па секогаш подготвував нешто за нив и за моите внуци, палачинки, пити. Заради празниците, колачи и пити беа неопходни на нашата трпеза – изјавила Неда.
View this post on Instagram
– Решив да ослабам со липосукциска диета. Пиев здрави шејкови на секои четири часа и претежно јадев месо и многу салата. Исто така, сакам да готвам риба, така што таа често е на моето мени. Јас не сум некој што е обично гладен, така што оваа диета не ми беше тешка. За кратко време ослабев четири килограми и сега сум целосно задоволна од својот изглед – беше искрена пејачката.