🎥Има 83 години, но сè уште се трка по патеката во Porsche и Lamborghini

од Vladimir Zorba
329 прегледи

На социјалните мрежи се шири видео од постара жена која и покрај годините се уште ужива во адреналинските задоволства од возењето.

Швајцарката Соња М. Хајнигер е 83-годишна жена која се уште не е подготвена да се пензионира. Наместо да се одмори, таа ја избира адреналинската средина на патеката.

Таа е член на клубот Porsche од Цирих од 2005 година, а на патеката може да се види во зелено Porsche 911 GT3 RS.

Но, неодамна на социјалните мрежи беше објавено дека има и видео на кое и оваа супербаба вози Lamborghini. И тоа не било кој, туку Gallardo Super Trofeo Stradale, кој е произведен во само 150 примероци. Таа се тркаше со него на патеката во Монца, покажувајќи уште еднаш дека таквите болиди не припаѓаат во колекционерска гаража, туку на патеката.

Соња М.Хајнигер е сопственичка на интернет сервис, кој делува многу успешен, бидејќи покрај споменатите два автомобили, во својата колекција имала уште три Lamborghini. Интересно е што и нејзиниот сопруг бил ентузијаст за трки, но со години е во пензија.

Сепак, таа не го губи духот во трките на кои учествува од 18 години и тоа многу успешно. Таа често зад себе остава три пати помлади возачи, што и го донесе статусот на многу сериозен и бестрашен возач.

Слични содржини