Незадоволителни продажба, силна конкуренција, принудни отпуштања – иднината на рускиот автомобилски концерн АвтоВАЗ не изгледа воопшто розова. Ќе преживее ли брендот Лада?- анализира DW.

На 15 февруари, ден по пуштањето во официјална продажба на новиот модел “Ladа XRay” Концернот “АвтоВАЗ” помина на четиридневен режим на работа и ги скрати платите на сите работници со 20 проценти. Финансиската состојба на рускиот автомобилска концерн одамна буди загриженост меѓу експертите. На крајот на минатата недела оваа загриженост се потврди и од последниот финансиски извештај на компанијата: чистите загуби во 2015 година се зголемиле за три пати.
На црвено
Во 2014 година Концернот реализирал загуби во износ од 25 милијарди рубли. А нето загуба за 2015 година достигнува 73, 8 милијарди рубљи – околу 830 милиони евра. Краткорочните обврски на концернот биле со 762 милиони евра повеќе од средствата.
Како што се споменува во ревизорскиот извештај на консултантската фирма Ernst & Young, “дадените услови укажуваат на значајна неизвесност, која предизвикува сериозни сомневања во способноста на АвтоВАЗ и ќерките компании да ги продолжат своите активности”.
Првата антикризна мерка на раководството на АвтоВАЗ беше да ги скрати платите на работниците, а изјавија за Дојче веле од прес-центарот на компанијата, дека овие иновации се однесуваат на сите, вклучувајќи и за претседателот. Од компанијата не прецизираат каква е просечната плата. Претходно претседателот на АвтоВАЗ Бу Андерсон изјави дека на околу 3 000 соработници им била понудено алтернативно вработување – активности за престројување на фабричките хали и соседната инфраструктура.
“Ова им овозможува на раководството на АвтоВАЗ да се откаже од услугите на надворешни фирми, кои предходно се грижеа за чистотата на територијата на фабриката. Односно, така се реализира двојна заштеда на средства”, вели за ДВ шефот на Агенцијата за анализи “Автостат” Андреј Топтун.
Партијата на Фицо победи на изборите, но го губи мнозинството
Станува се полошо
Според зборовите на експертот, од можните начини за справување со кризата менаџерите го одбрале оној кој најмногу одговара за сопствениците на концернот. “Ако тие беа сакале варијанти, фабриката да ја запре работата, вработените да одат на принуден одмор и да добиваат две третини од своите плати, за да се одмараат. Но за луѓето нема добра опција – нивниот животен стандард паѓа, што ќе се насети од целиот град, бидејќи АвтоВАЗ е најголемата фирма во Толиати. Значи расположението во фирмата и како целина се влошува “, вели експертот.
Само пред една година Толиати беше прогласен за најсиромашен град во Русија. Студија на социолошкиот институт кон финансискиот универзитет на Руската Федерација покажува дека над две третини од вкупно 700 илјади жители на градот зависат од претпријатието. 13 проценти од нив се крајно сиромашни луѓе кои тешко наоѓаат средства за прехрана. Секој втор граѓанин на Толиати живее во сиромаштија (57% од населението), а од нив повторно секој втор е млад човек, покажуваат официјалните податоци.
Конкуренцијата не спие
Раководството на фабриката во Толиати сака не само да го спаси претпријатието, но и да го прошири производството. Засега тоа успева да се задржи на нивото само благодарение на симнатите цени. Минатата година АвтоВАЗ продал 269 илјади автомобили и го зголеми уделот на пазарот од 16,4 на 17,9 проценти. Следуваат два корејски концернот, Киа и Хјундаи, односно со 10,9 и 10,7 проценти. Корејски автомобилопроизводители сепак се претставници на истата структура – на концернот Хјундаи-Киа. А тоа значи дека Корејците држат 21,6 проценти – повеќе отколку АвтоВАЗ.
Борбата за пазарни удели ќе биде тешка, вели Андреј Топтун. “Корејските производители се поставени многу агресивно, а успех ќе има оној кој ќе успее подолго да се задржи ниски цени”, уверува тој. Засега цените се споредливи. Основниот модел на Лада – Vesta – чини околу 5 800 евра, Киа продава модел Rio за 6 400 евра, а Хјундаи Solaris чини 6 100 евра.

