Има одреден напредок околу преговорите во Конгресот за помошта за Украина

од Radmila Tasevska
136 прегледи

Американските законодавци постигнале одреден прогрес во преговорите за безбедноста на границите што ја бараат републиканците во замена за одобрување на помошта за Украина и во текот на празниците за тоа одржувале состаноци преку видео врска, јавија дел од американските медиуми.

Конгресот неделава по тринеделните празници започна со втората работна сесија во својот 118-ти состав.

-Поблиску сме до договор отколку на почетокот на преговорите, изјави синоќа на новинарите сенаторот демократ Крис Марфи, оден од водечките преговарачи. „Не сакам да се најдеме во таква ситуација. Сакам републиканските сенатори да ја подржат помошта за Украина затоа што тие веруваат во Украина. Не ми се допаѓа што ја условуваме подршката за Украина за усвојување одлуки за најтешкото прашање во американската политика – имиграциските реформи“, додаде тој .

Учесниците во преговорите од Сенатот и во текот на трите недели празнична пауза на Конгресот продолжиле да дискутираат по ова прашање.

-Ги вложуваме сите сили да се постигне договор за подобрување на сиуацијата на границата. Но, исто така, важно е да се напомене дека светот буквало се наоѓа во состојба на војна, изјави Миџ Меконел, републикански лидер на малцинството во Сенатот и додаде дека „треба да го одобриме дополнителното финансирање и добрата состојба на границата треба да биде дел од тоа“.

САД доделија повеќе од 100 милијарди долари воена помош за Украина од моментот кога Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Сега се преговара за нов пакет помош во висина од 60 милијарди долари што претседателот Џо Бајден есенва го побара од Конгресот.

Слични содржини