„Има проблем со тежината“: Како изгледа денеска некогашниот холивудски заводник (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Брендон Фрејзер (53) е актер кој најдобро се памети по улогата во Џорџ од џунглата. Оттогаш не сме го виделе со години.

Имено, Фрејзер беше холивудска икона во 1990-тите, а публиката ја освојуваше со својот специфичен шарм, автентичен изглед и извајани стомачни мускули. Споменатата улога на Џорџ го лансираше овој холивудски актер во ѕвездената слава уште во 1997 година, но по една деценија успех сепак реши да го забави темпото на работа, а до неодамна воопшто не се појавуваше во јавноста, ниту играше значајни улоги.

По 2010 година тој практично се повлече од светот на Холивуд, а најмногу се појавува само во помали продукции или телевизиски серии.

Забележливо е дека славниот актер денес изгледа сосема поинаку. Иако новата улога во филмот Whale бара актерот да има одредена тежина, многумина сметаат дека тој веќе некое време има проблем со тежината.

 

Слични содржини