
По објавувањето на прислушуваните разговори помеѓу словенскиот судија во Арбитражниот суд во Хаг д-р Јернеј Секолец и словенскиот застапник во спорот, дипломатката Симона Дреник, поради нивното договарање за одлуката околу Пиранскиот залив и двајцата ВЕДНАШ си поднесоа ОСТАВКИ НА ФУНКЦИИТЕ.

Никој од највисокото државно раководство на Словенија не изјави дека се работи за лепени, сечени, креирани и монтирани снимки и дека истите се неовластено прибавени и објавени иако во меѓувреме се бара и оставка на премиерот Миро Церар и на министерот за надворешни работи Карл Ерјавец.
Во Р. Македонија се објавија ,,32 пакет бомби” од прислушувани разговори во кои главни учесници се највисоки државни функционери за кои постојат индиции дека се инволвирани во сериозни кривичи дела и истите тие никако да поднесат оставки на функциите.
Во што е проблемот? Дали неможат да соберат ,,храброст” или пак немаат и несмеат да покажат доблест за вакво нешто?
ФБ статус на проф.д-р Јове Кекеновски