Има уште чесни луѓе, келнер на муштерија му врати заборавени 32.000 долари

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Келнер во ресторанот „Applebee’s“ во калифорниското место Фресно вратил 32.000 долари на семејство кое парите ги заборавило на масата на којашто ручало, објави управата на ресторанот.

6a011571275931970c0192aa1f9b91970d
Парите се наоѓале во платнена вреќичка на масата, а келнерот ги предал на шефот на смената во ресторанот, кој за тоа ја известил полицијата. Следниот ден семејството го пријавило исчезнувањето на парите во полицијата, а парите им се вратени откако полицијата утврдила дека се стекнати на легален начин.

„Applebee’s“ е американски синџир ресторани, а чесниот келнер во него работи десет години. Тој сакал да остане анонимен и ја одбил наградата што му ја понудило семејството.

Во соопштението се истакнува и дека масата на која биле заборавени парите не била покриена од надзорните камери, како и дека сумата на пронајдените пари е приближно на неговата годишна плата.