Има жртва во сообраќајката на магистралниот пат Тетово- Гостивар

од Milan1
38 прегледи

„Денес (4 март) во 15.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу Неготинска клучка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо” со охридски регистерски таблици, управувано од Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „Мерцедес“ со Словенски национални ознаки, управувано од А.А.(19) од Гостивар“, информираат од МВР.

Во несреќата на лице место на повредите им подлегнала сопатничката од патничкото Пежото Д.М.(81) од Охрид, додека со тешки повреди се здобиле возачот В.В.(47) и сопатникот С.В.(69) од Охрид, констатирани во Ургентен Центар Гостивар.

Увид на лице место врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.

Слични содржини