Имаат око за детали: Обожавателите го препознаа украдениот прстен на Ким Кардашијан

од Elena Daskalova
356 прегледи

Во 2016 година, познатата Ким Кардашијан пријави дека во Париз ѝ бил украден накит во вредност од околу 10 милиони долари, меѓу кои и дијамантскиот прстен кој Канје Вест ѝ го подарил.

Сестрите Ким, Клои и Кортни започнаа кампања за новата линија парфеми „KKW Perfumes“, а обожавателите на промотивните фотографии забележале детаљ кој ги збунил. Имено, Ким го носи прстенот кој пријави дека ѝ е украден во 2016 во Париз.

https://www.instagram.com/p/B4pkWILg1ot/?utm_source=ig_embed

Една од опциите е дека порачала да ѝ се изработи идентичен, но љубителите на теории на заговор сметаат дека кражбата била иссценирана за да добие медиумско внимание.

По повод промоцијата сите три сестри се облекоа и нашминкаа исто, а Клои, која подолго време е русокоса, ја обои својата коса кафеава.

Секој од парфемите чини 40 долари. За колекцијата сестрите Кардашијан велат дека раскажува нивна лична приказна и дека изработувањето било прекрасно искуство за нивната блискост.

https://www.instagram.com/p/B4nflrMgpN_/

Слични содржини