Пејачката Шакира создаде бура кога ја објави песната „Music Sessions Vol. 53“ во која таа го осуди својот поранешен партнер, фудбалерот Жерар Пике и неговата нова девојка, како и мајката на фудбалерот.
Таа сега гостуваше во шоуто на Џими Фалон и откри колку ѝ е важна оваа песна, но и поддршката што ја добива од обожавателите ширум светот.
„Имав многу тешка година по раскинувањето и имав потреба да напишам песна. Тоа беше начин за мене да ги испроцесирам емоциите“, рече таа.
„Откако ја објавивме песната, се чувствував како, не дека имам обожаватели ширум светот, туку дека имам цело сестринство на жени кои поминале низ нешто слично или исто како мене, кои размислувале исто како мене, кои се чувствувале на ист начин како и јас. Знаете, песната ја напишав за себе, но ја напишав и за сите оние жени на кои им треба некој да им биде ‘гласот’ и да ги претставува“, додаде пејачката, меѓу другото, нарекувајќи ја оваа песна „женска химна“.