Имаме нов лидер на пазарот за паметни телефони

од Vladimir Zorba
91 прегледи
На пазарот за паметни телефони има нов лидер, објави аналитичарската фирма Гартнер. Во четвртиот квартал на 2014 година Епл го врати првото место, откако од 2011 година тоа беше резервирано за корејскиот производител Самсунг.apple
Епл има продадено 74,8 милиони ајФон уреди во периодот октомври-декември, додека Самсунг има пласирано 73 милиони уреди. Двете компании имаат пазарни удели од 20,4, односно 19,9-отсто, покажува анализата.
Падот за 10-отсто во пазарниот удел на Самсунг е резултат на тешкотиите кои компанијата ги доживува во продажбата на премиум моделите. Во овој сегмент доминира Епл, а кинеските производители се почесто нудат поевтини и квалитетни уреди.
Генерално за 2014 година Самсунг има продадено најмногу паметни телефони – 307,6 милиони единици, што значи удел од 24,7-отсто од пазарот. За споредба, Епл држи 15,4-отсто од пазарот, формирани од продажбата на 191,4 милиони ајФон уреди.