Најновата игра за Smartphones која се вика “Покемон Гоу” (Pokemon Go), најпрвин беше пууштена во САД.
Играта со брзо темпо навлезе и во Европа.
Што претставува играта?
Таа работи со GPS и така ги покажува точно улиците на градот во кој се наоѓаат играчите.
Кога ги отвараат телефоните и на екраните им се појавуваат мали виртуелни суштества со специјални сили.
Тогаш ловот на Покемон започнува.
Колку повеќе луѓе играат на едно исто место, во исто време, толку повеќе Покемон “произведува” играта.
Играта создаде контроверзни критики во некои земји
Претседателот на турскиот Синдикат на Имамите Дијанет-Сен Мехмет Бајрактар предложи во земјата да биде забранета играта “Покемон Гоу” (Pokemon Go), соопштија светските агенции.
Тој истакна дека играта ја поткопува почитта кон светите места за муслиманите, бидејќи играчите се обидуваат да фаќаат Покемон на различни јавни места, вклучувајќи и во џамии.
“Тоа го поткопува значењето на џамиите. Сакам оваа игра да биде забранета во Турција”, рекол Бајрактар.
Турското Министерство за здравство издаде предупредување: интерактивната игра не треба да се игра помеѓу 11 и 16 часот, затоа што тогаш сонцето е многу силно.
Министерството ги советува луѓето да не гледаат во екранот на нивниот мобилен уред, туку кон патот, бидејќи постои ризик да се удрат од автомобил кога ги преминуваат улиците.
