„Имаше нож и стигна до спалната соба“: Стравично сведоштво на обезбедувањето на Бритни Спирс

од Stefanija Kuzmanovska
253 прегледи

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александер, упаднал во нејзиниот имот пред венчавката, а на обезбедувањето му рекол дека пејачката му се јавила. Целиот упад Џејсон го снимил на Инстаграм, а додека ја барал пејачката успеал да стигне до нејзината спална соба каде таа се подготвувала и која, за среќа, била заклучена.

Обезбедувањето на пејачката се обидело да го избрка и повикало полиција, а само неколку дена подоцна сите до еден добиле отказ. На Џејсон му е одреден притвор со кауција од 100.000 долари во очекување на судењето, а сега припадник на обезбедувањето, кој ќе се појави како сведок, открил што се случило.

„Имаше нож со себе и стигна до нејзината спална соба“.

Отпуштениот член на обезбедувањето рекол и дека Џејсон „влегол во имотот“ и дека тој и неговите колеги успеале да го задржат до доаѓањето на полицијата која го уапсила.

Александар се изјасни дека не е виновен за прогонување или вандализам или упад на имотот, додека друг сведок, детектив од канцеларијата на шерифот на округот Вентура, рече дека „Александар се однесувал морничаво по апсењето“.

Џејсон цело време снимаше за време на упадот.

Слични содржини