Имате ли вистински пријатели?

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Пријателите се голем и важен дел од нашите животи. Многу почесто се потпираме на нив отколку на партнерот или роднините.Проблемот е дека пријателите почесто нè фрустрираат затоа што понекогаш излегува дека не се она што сме го мислеле.f12bba5b2df56350edb6fe4248f42502

Да најдеш вистински другар е реткост и тоа треба да биде ценето. Со текот на времето дури долгогодишните другарства може лесно да се распаднат од голем број на причини – различни интереси, себичност, дистанца, завист и т.н. Кога ќе видите дека врската со еден човек е нарушена, можеби е време да се оддалечите од него, за да не стане токсична.

А, сега направете еден преглед на сите ваши пријатели. Колку од нив може да ги наречете вистински? Еве што ќе ви помогне да се утврди ова!

1. Вистинскиот пријател секогаш се радува за вас

Зборуваме за искрена радост, која не е прикриена завист. Без разлика дали вие заработувате повеќе пари од него, имате поубава работа и одлична партнерка, тој / таа ги дели со истиот ентузијазам успесите и ве поддржува и мотивира да продолжите напред.

2. Искрен / а е

Како кај љубовните врски, и во пријателството чесноста е основата за здрави односи. Тој / таа не се плаши да ви каже што мисли, го прави тоа политично, но категорично (кога не е нешто позитивно) и не цели да ве критикува, туку едноставно да ви ги “отвори очите” и да ве заштити од грешки. Може да му / ѝ верувате да ве “слета” во секое време и да биде објективен / а.

3. Не ве задушува

Пријателите се луѓе со кои комуницирате често и тоа по заемна желба. Важно е сепак тие да не ве опседнат и да бараат од вас да сте им на располагање 24 часа. Сепак имаме свој живот и тие не се единствените личности во него.

Задушувачкото пријателство не е вистинско пријателство. Односите не се мерат во тоа колку често се слушате и гледате, туку дали комуникацијата е комплетна и корисна и за двете страни!

4. Тој / таа е секогаш до вас

Може да го наречете за вистински пријател човекот кој нема да ве остави во неволја. Тој / таа треба да умее да ги сподели со вас како убавите и лошите моменти и да реагира адекватно кога имате проблеми, го молите за помош или едноставно барате утеха во неговите зборови.

5. Ве сослушува

Понекогаш човек има потреба само некој да го ислуша. И без разлика колку пати ја џвака иста приказна или проблем, вистинскиот пријател трпеливо е до вас и ви ја држи раката додека си ја истурате душата.

6. Се прилагодува лесно кон динамиката на пријателството

Две лица можат да бидат добри пријатели, ако се чувствуваат удобно во своето друштво,  делат заеднички работи и го толерираат однесувањето, квалитетите и животот на другиот. Ве прима какви што сте и успева вешто да се прилагоди кон промените во животот без да се наметнува и да бара од вас да ги почитувате премногу со нив самите.