„Имав интимни односи со мојот братучед до 14 години“ – Канје Вест го шокираше светот!

од Nikola Popovski
653 прегледи

Раперот Канје Вест на социјалната мрежа „Икс“ објави дека до 14 години имал сексуален однос со својот братучед! Контроверзните изјави и се побизарните постапки на познатиот рапер станаа речиси секојдневна појава, а секоја нова објава на социјалните мрежи само дополнително ја засилува границата помеѓу уметност, вистина и провокација.

Вест, познат по поместувањето на границите не само во музиката, туку и во начинот на кој комуницира со јавноста, сега ја даде можеби најшокантната и најконтроверзната изјава во неговата кариера.

Во една крајно лична и емотивна објава, Канје откри искуство од неговото детство кое, според него, длабоко ја обликувало неговата психа и го инспирирало за песната „Cousins“.

Иако искуството било несомнено трауматично, раперот го изразил длабокиот внатрешен немир што го чувствувал низ годините.

Тој навел дека како деца заедно со неговиот братучед, љубопитни, во плакарот на нивната мајка пронашле списанија за возрасни, што, според него, го предизвикало првиот контакт со сексуалноста.

Тој особено ја нагласил вината што го следела низ годините, верувајќи дека тој имал улога во обликувањето на подоцнежното однесување на неговиот братучед – кој, како што истакна Канје, на крајот бил осуден на доживотен затвор за убиство на трудница.

Неговата објава беше јасна и потресна: „Моето име е Је и имав односи со мојот братучед до својата четиринаесетта година“, предизвикувајќи шок и неверување кај фановите и јавноста.

Канје Вест, кој претходно зборуваше за својот живот преку уметноста, сега се отвори на начин што е без преседан во неговата кариера.

Раперот продолжи да ги елаборира чувствата на вина, збунетост и недоразбирање што ги носи во текот на животот, наведувајќи дека тие рани од минатото често биле злоупотребувани од индустријата во која тој е.

Слични содржини