По завршувањето на популарното реално шоу „Во чекор со Кардашијанс“, сестрите Кардашијан-Џенер уште еднаш се собраа во специјално шоу, а посебно внимание привлече признанието на Клои Кардашијан за операциите што ги криеше со години.
Во емисијата со славниот Енди Коен, сестрите Кардашијан-Џенер ја отворија душата за сè што се случувало пред и зад камерите за време на повеќе од 14 години прикажување, а откриле и многу тајни за кои досега се шпекулираше само .
Посебно внимание и беше посветено на Клои Кардашијан, најмногу поради бројните скандали што ја одбележаа оваа година, почнувајќи од новата измама на Тристан Томсон со моделот и инфлуенсерка Синди Чејс, сè до „фамата“ што се крена откако нејзина „необработена“ фотографија протече во јавноста.
Клои тогаш со сите сили се обиде да ја отстрани контроверзната фотографија од мрежите, а многумина ја критикуваа за ваквиот потег. Следуваше признание дека таа со години има проблем со самодоверба затоа што беше „дебелата Кардашијан“ и дека поради медиумите и беше наметната нереална слика за убавина.
Славната Кардашијан зборуваше за сè во шоуто, а ги коментираше и сите измами на нејзиниот поранешен партнер Тристан Томсон, раскинувањето на свршувачката, плановите за друго дете и проблемите со одржување на бременоста. Таа призна дека повторно би се омажила за Ламар Одом, како и дека и простила на Џордин Вудс, поранешната најдобра пријателка на Кајли Џенер, со која Тристан ја изневери.
Сепак, она што привлече најголемо внимание во медиумите беше нејзиното признание за интервенциите што ги имала. Имено, познато е дека Клои на почетокот на нејзината кариера изгледаше сосема поинаку отколку сега, а со години има обвинувања за сите операции што ги направила. Исто така, инфлуенсерката е позната по прекумерната употреба на Фотошоп, поради што и таа беше мета на критики.
Сега, за прв пат, таа зборуваше за сè и отворено рече:
– Имав само една операција на носот – и потоа додаде дека таа „инјектирала инјекции, но не и ботокс“ поради лошите реакции на него.
Згора на сето тоа, Енди Коен ја праша дали има нешто друго точно од тоа што секогаш се пишуваше за неа.
„Се разбира, сите секогаш велат: „Па, таа направи трансплантација на целото лице. И јас имав само една работа на носот. Сите се потресуваат веднаш. И зошто никогаш не ме прашале? Вие сте први кои прашувате за мојот нос“, призна Клои.
Секако, следеа реакции на мрежите, а најгласни беа оние кои тврдат дека Клои лажела овој пат, затоа што ја прашувале за операциите, но таа секогаш негирала.