Нов мозочен имплант ги препознава мислите на пациентот и може да управува со вештачки екстремитети, поставени на луѓе кои се парализирани или ги изгубиле, пренесе АФП, цитирајќи публикација во списанието “Сајанс”.
Првиот човек кој го искористи овој развој, е Ерик Сото (34 години). Тој е парализиран од вратот надолу од 21-годишна возраст, кога го застрелале. Со имплант во удел на мозокот одговорен за намерите, Сото може да врши ракување, да земе чаша и да се потпише, да игра на “Камен, ножици, хартија”.
При претходните експерименти за погон на роботски екстремитети, имплант беше поставен во дел од мозокот кој ги контролира движењата. Но практиката покажала дека тие често стануваат премногу остри. “Кога ја движиме раката, не мислиме на мускулите кои тоа го прават, или за редоследот на случувањата, туку за целта – на пример фаќање на чашата”, објаснува Ричард Андерсон, професор по невронауките.
Кај Ерик двата микроелектрода била поставени во 2013 година во задниот париетален кортекс на мозокот, кој ги обработува плановите за движењата, вклучувајќи на подавање и тресење. Две недели подоцна бил постигнат првиот успешен обид за контрола над роботска рака.
“Бев изненаден колку лесно стана”, вели Сото, самохран татко на две деца. Признава дека доживеал голема радост дека може сам да пие пиво и смета дека ќе е одлично ако може сам да се бричи и да ги мие забите.