Имплементација и презентирање на проект за енергетиката преку конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“

472 прегледи

Како дел од активностите на проектот „Развој на програма за имплементација на Националната стратегија за развој на енергетиката“, денес ќе се оддржи преку онлајн платформата Зум, конференцијата насловена како „Визија за енергетска транзиција 2040“.

Преку оваа конференција ќе се промовираат активностите околу ревизијата на Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, и имплементација на програмата. Исто така, тема на дискусија ќе бидат и владините приоритети, како и мерките кои се планирани за следниот период.

На овој настан, свое учество ќе земат претставници на Владата, енергетските компании, невладиниот и на академскиот сектор. На настанот ќе учествува и ќе има поздравен говор амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

Овој проект е финансиран од Британската амбасада во Скопје, односно Фондот за добро управување, а истиот е управуван од Technical Assistance Facility – Western Balkans (TAF-WB) предводен од компанијата Tetra Tech. Проектниот тим е предводен од Public Administration International од Лондон, во соработка со технички експерти од Македонската академија на науките и уметностите и Центарот за управување со промени.

Слични содржини