Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден рече дека неговата инаугурација на 20 јануари може да се одржи виртуелно поради загриженост за здравјето на луѓето кои ќе бидат присутни среде пандемијата на коронавирусот.
Тој денес за новинарите изјави дека неговиот тим разговара со лидерите на Конгресот за плановите за инаугурацијата.
Досега беше организирана церемонијата на положување заклетва на новиот претседател и потпретседател на САД на „Капитол Хил“ во Вашингтон.
Бајден истакна дека сака луѓето безбедно да го слават неговото назначување за претседател, но дека деталите сè уште се разговараат.