Инцидент кај Малезија: Се запали танкер, има исчезнати

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Во тек е потрага по тројца исчезнати членови на екипажот откако танкер со нафта регистриран во Габон се запали крај брегот на јужна Малезија, соопштија малезиските поморски власти.

Малезиската поморска управа (MMEA) соопшти дека примила извештај за запален танкер во понеделникот во 16 часот по локално време, на околу 37,5 наутички милји североисточно од крајбрежниот регион Танјунг Седили во државата Џохор.

Танкерот пловел од Кина кон Сингапур со 28 членови на екипажот кога се запалил, соопшти MMEA.

Поморски патролен чамец бил испратен на местото на настанот за да ги спаси оние кои биле во него, додаваат оттаму, а 23 членови на екипажот биле спасени од два блиски брода, додека патролата спасила уште двајца.

Тројца членови на екипажот се исчезнати. Не се знае дали скокнале во морето или останале некаде на танкерот.

На снимката се гледа како танкерот гори, а големи облаци од црн чад се издигнуваат во воздухот. Во близина биле забележани и други бродови.

Засега, јавува Си-Ен-Ен, не е јасно дали дошло до загадување.

Слични содржини