Инцидент на Клиниката за кардиохирургија, вработен физички го нападнал директорот

од Radmila Tasevska
366 прегледи

Вработен на Клиниката за кардиохирургија, со иницијали С.Ј. денеска, околу 10.00 часот, прво вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар, известуваат од МВР.

Во СВР Скопје добиена е пријава за случајот. Известен е и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

За инцидентот информира и Министерството за здравство.

-Министерството за здравство ја имформира јавноста дека денеска на Клиниката за кардиохирургија се случил инцидент за што е известена полицијата. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити е запознаен со настанот од здравствените работници побара совесно и професионално однесување и да се посветат на пациентите, се вели во реакцијата на МЗ.

Слични содржини